2win800x200

Домот „Софија“ го продолжува животот во трето доба

Јули 20, 2022

Изграден по европски стандарди со примена на сите современи третмани за згрижување на стари лица, распространет на површина од 1500 квадратни метри, денес Домот „Софија“ ги отвори вратите за своите штитеници и други корисници. Оваа приватна установа за социјална заштита на стари лица наликува на луксузен објект за сместување, опременоста дава пријатна домашна атмосфтера со што се стават темели за еден поинаков и модерен принцип за згрижување на лицата од трето доба.

dom

Изграден по европски стандарди отвора нова ера во третманот на повозрасните лица во земјава

„Нашата идеја не е само да ги згрижиме нашите штитетници внатре, туку да им дадеме и надеж за живот“, рече сопственичката на домот, познатата битолска режисерка Софија Ристевска, со тоа најавувајќи ја новата ера за згружување на повозрани лица во Битола.

„Третото доба не секогаш е доба во кое луѓето умираат. Или барем тоа не е нашата филозофија. Такко ми пред да фати пандемијата имаше идеја да инвестираме во старски дом. И тој, и мајка ми и сестра , сите се психијатри, па секогаш идејата за незгрижениот човек, за старите луѓе, за овие кои се на маргините , од секогаш ни била блиска и секогаш сме ја имале идејата дека мораме да помогнеме , дека сите заслужуваме парче радост во овој живот“, рече Ристевска.

Таа посочи дека сите нивни штитеници, ќе бидат медицински опслужени, ќе имаат надзор, но и активен социјален живот.

„Оваа инстутуција ќе дава право за активно стареење. Луѓето да не доаѓаат само за да ја дочекаат својата смрт тука да го изживеат третото доба достинствено“, рече Ристевска.

294201881 1416485462159340 8933555939958601084 n

Првите корисници презадоволни

Домот „Софија“ ја доби и првата корисничка, која на отворањето на објектот пред присутните не го криеше своето задоволство од услугата и сместувањето.

„Јас сум Ратка Ѓошевска и живеам во Канада 50 години и сега дојдов тука, но ги скршив нозете, па направив операција. Тука ми помогнаа многу добри луѓе. За овие кои сакаат да ги згрижат постарите лица, тука нека ги пуштат. Сите сме задоволни и шитиениците и семејствата“, рече таа.

Во Домот „Софија“ животот на корисниците нема да биде здодевен, на располање ќе имаат бројни активности и стручна помош. Таму активно ќе се старее.

295115722 1547783402348971 8411064026821793412 n

Дом каде активно се страее

„Ќе има можност да доаѓаат пензионери, повизрасни лица и сите љубители на одредени клубови. За почеток отвораме Дневен центар за активно страеење во чии рамки ќе имаме две групи лица со деменција кои живеат дома , а тука секој ден ќе можат да добиваат социјално –психолошки активности со кои ќе ги зачуваат и подобрат евентуално своите когнитивни и моторни сопсобности.

Претпладне во дневниот центар за активно страеење ќе имаме и група на пациенти кои боледуваат од одредени потешки психијатриски растројства во хроничен тек кои ќе можат тука да добијат квалитетна психо-социјална дневна услуга. Попладне ќе има интересен живот за пензионерите преку клуб за шах, карти, читање на книги и разно разни активности“, изјави проф Д-р Гордана Ристевска- Димитровска, директорка на установата.

Домот е во фаза на лиценцирање на сервис за помош и нега на лица кои живеат дома, а на кои квалификуван медицински и немедицински кадар ќе им се испраќа да им помогне за различни потреби. И тоа не е се, семејно советувалиште веќе функционира во рамки на граѓанското здружение „Одраз“ каде може да добијат услуга лица од ранливи категории

„Ова не е само обичен старски дома каде луѓето ќе бидат згрижени, туку и место каде ќе можат да се радуваат“, додаде Ристевска-Димитровска.

 

Коњановски: Корисниците ќе имаат исполнети денови во трето доба

293957015 909480603392948 734986736186747670 n

Просториите ги освети преспанско-пелагонискиот митрополите г. Петар. На отворањето присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски, претседателката на Советот Габриела Илиевска, пратеници, доктори и други истакнати личности од општествениот живот во Битола и пошироко.

„Ова е значаен настан за градот кој потврдува како една идеја , желба, визија стигнува до реализација , до успех и создавање на ваков капцитет по западноевропски стандарди за грижа на старите лица. Верувам, дека со високите стандарди што ги исполнува овој објект корисниците ќе имаат можност за удобро сместување, квалитетна услуга и исполнети денови во третата доба. Со воведувањето и на други социјални услуги како деневн центар за активно стареење, семејно советувалиште и сервис за нега и помош во домовите на стари лица, бенефитите ќе можат да ги почувствуваат многу граѓани на Битола“, рече Коњановски.

Тој изрази надеж дека оваа инвестиција ќе има позитивно економско влијание во општината, ќе отвори нови можности за вработување, а се надева дека овој пример ќе го следат и други инвеститори.

Домот има капацитет да згрижи 30 лица, но наскоро таа бројка ќе достигне до 60 и е доаѓа во вистински момент кога во Битола се бара место плус за сместување во домовите за стари лица.

294262030 1659244674456824 5078902701589881430 n

294343218 760841958390589 5638135625331473459 n

294015325 5438531772874817 5962822805000268679 n

294008941 2013369275517389 2511249829818873806 n

294312204 804987087150916 8455039053048061199 n

293994641 452559039785508 31442854709646451 n

 

294325308 781985839603429 869719811340179348 n

293970557 461362452503151 8236085002483074691 n

294292567 556721169485615 1312477510733313919 n

294097382 777320366961678 2206359613740066681 n

293976197 1986943101506320 9116856917559601750 n

294325308 781985839603429 869719811340179348 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани