АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Како дел од програмата на битолското културно лето БИТ ФЕСТ, а во рамките на интернационалниот детски театарски фестивал „БИТОЛИНО“, во Офицерскиот дом во Битола, денес продолжува театарската работилница за изработка на кукли од разни материјали под раководство на актерот Марјан Георгиевски.
Од 20.00 часот во Офицерскиот дом, ќе се одржи солистички концерт на Давор Неќак – баритон, во прудружба на Горјана Стојановска – пијано, а присутните ќе имаат можност да ја проследат концертната програма исполнета со дела од П. И. Чајковски, Џ. Верди, М. Равел, С. Рахмањинов и други композитори.
Биографија на Давор Неќак
Давор Неќак (баритон) роден е во Битола, а солист e на Ријечката опера во Хрватска. Музичкото образование го започнал како пијанист, а средното образование го продолжил како соло пеач во класата на проф. Маја Митровска. Своите студии ги продолжува на Музичката академија во Загреб во класата на Влатка Оршанич . Веќе на третата година од студиите на академијата во Загреб, со 21 година положува аудиција во Загребската опера и дебитира со улогата на Моралес во Кармен.