2win800x200

Костадиновска-Стојчевска во Смилево: Ние, Македонците, никогаш и ништо не сме добиле на подарок

Август 02, 2022

Нема Македонец, каде и да е на оваа „дуња“, кому денеска не му доаѓа да заплаче како дете зашто денеска е нашиот празник над сите празници – Илинден, рече во својот емотивен говор министерката за култура Бисера  Костадиновска-Стојчевска во Смилево.

- Овде, во Смилево, каде што се и колевката и гробот на нашиот национален херој Дамјан Груев, е донесена конечната одлука за востание во 1903. Ние, Македонците, никогаш и ништо не сме добиле на подарок. Нас повеќе нė радувала слободата отколку што нė плашела смртта. Илинденското востание е задушено во крв и во солзи, но Илинден е нашата победа и нашата скапо платена слобода, додаде таа.

бисера 2

Костадиновска-Стојчевска дополни дека Крушевскиот манифест и Декларацијата на АСНОМ се четива со европски вредности, достојни, и денес, и за проучување и за почитување. Воедно, сите наши Илиндени испратија и јасна порака до целиот свет дека – „Македонско име нема да загине“.

- Под ова Сонце на слободата, велиме – Илинден е нашиот одговор на секое наше негирање, на секое посегнување по нас, на секое изживување со нас. Ние одамна си го врвиме својот пат и си ја гледаме својата работа. Го подигнавме бајракот за СМРТ или СЛОБОДА, без двоумење застанавме под бајракот на антифашизмот. Секогаш сојузници на доброто, секогаш на страната на праведното, рече таа.

бисера 3

Покрај посетата на Смилево Костадиновска-Стојчевска беше дел и од делегацијата на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски заедно со првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во Крушево.

Владината делегација  се поклони и  оддаде почит положувајќи свежо цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев во споменикот „Македониум“ на Гумење и на споменикот на паднатите борци на Слива, кои се симбол на жртвата на востаниците за одбрана на Крушевската Република.

бисера 4

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани