Кристина Лајмановска нов директор на детската градинка „Мајски цвет“

Август 11, 2022
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес ја посети детската градинка „Мајски цвет“, каде имаше средба со новата директорка на оваа општинска установа, Кристина Лајмановска.
Градоначалникот Коњановски и директорката Лајмановска, разговараа за условите во седумте детски градинки, кои припаѓаат на јавната општинска установа „Мајски цвет“, за идните планови на директорката за овозможување на подобри услови за згрижување и воспитување на најмладите, но и решавање на проблемите поврзани со зголемување на капацитетот на детските градинки.
Во овој контекст, се разговараше и за трите детски градинки кои се започнати во Битола, а треба да се завршат со поддршка од Министерството за труд и социјална политика, а кои сеуште не се реализираат со потребната динамика за решавање на овој долгогодишен проблем поврзан со недоволно места за згрижување на деца во детските градинки во Битола.
Градоначалникот Коњановски, информираше дека постојано е во контакт со надлежните лица од Министерството за труд и социјална политика и после обезбеденото одобрение за адаптација на детска градинка во поранешниот Мајчин дом, очекува наскоро да започне реализацијата на овој проект. Во врска со проектот за изградба на нова детска градинка во АРМ, во постапка е нова јавна набавка за избор на изведувач, како и достава на нова проектна документација до МТСП, а од министерството се очекува одговор и во однос на продолжување на постапката за изградба на нова детска градинка во близина на ОУ Климент Охридски.
Директорката Лајмановска, нагласи дека, од сопствени средства, во идниот период планирани се и други уредувања во и околу објектите на детските градинки, кои гравитираат кон ЈОУДГ Мајски цвет.
Можно е да е слика од 8 луѓе, дете, седнати луѓе, луѓе што стојат и надвор
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани