Финализиран е проектот за поставување на дополнително осветлување и светлосна сообраќајна сигнализација на пешачките премини за зголемена безбедност на пешаците
на ул. „Васко Карангелевски“.
-Продолжуваме и понатаму со поставување и на други улици низ градот, велат од јавното претпријатие.
ЈП Комуналец и Општина Битола во јуни го започнаа проектот со цел зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот, а пред се на пешаците.
Така на 6 локации на улицата „Васко Карангелевски“, поставено беше дополнително, ново лед осветлување, со што се осветлија пешачките премини.
Покрај осветлувањето на хоризонталната сигнализација, активностите продолжија и со подобрување на вертикалната сигнализација и поставување на сообраќајни знаци со лед осветлување.