АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Придружната или Off-програма на ИФФК „Браќа Манаки“ која се реализира на летната тераса од Офицерски дом во Битола, вечер продолжува со македонскиот игран филм „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски.
Филмот на Пиперкоски во кој кинематографер е Петру Паунеску од Романија, е добитник на бројни награди во земјата и странство, меѓу кои и наградата за најдобар странски филм на престижниот Independent Film Awards во Лондон, The Buddha International Film Festival, наградата за „Најдобар филм“ на Интернационалниот Филмски Фестивал во Париз, две признанија за извонреден придонес во светот на филмот (Outstanding contribution to the world of Cinema) од 4-th Dimension Independent Film Festival, награда на TIFF -Tagore International Film Festival во категоријата играни филмови и други.
Во филмот кој е помогнат од македонската Агенција за филм, настапуваат актерите Салаетин Билал, Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски и Благој Веселинов..Проекцијата на филмот е вечер во 20:30 часот на терасата пред Офицерски дом во Битола.