2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Жителите на Брусник газат и возат по крш улици, бараат спас од Општината

Август 31, 2022

Жителите на потпелистерското село Брусник се жалат на разурнати улици кои наместо асфалт носат камење и песок. Велат ајде што ги искршија автомобилите, туку уште пострашно е што по ваква инфраструктура не може да помине ни возило на брзата помош, ни пожарникарите, па мештаните се доведуваат во ризик по нивното здравје и безбедност, особено повозрасните жители. Во реакцијата која жителите на Брусник ја испратија до општина Битола се наведува дека улицата која поминува низ сред село до последната куќа во должина од 300 метри е во очајна сотојба, а најкритични се последните 100 метри каде најзасегнати се 9 куќи.

-Одвивањето на секојдневниот живот е невозможен велат жителите на ова село и додаваат дека во должина од 50 метри реката во селото е над нивото на патот па по секој дожд се излева и секој обид да се реконструра улицата станува невозможен. 

Во овој период Општина Битола започна со реконструкција на патот од Брусничка населба до селото Брусник, но мештаните велат ако се стави асфалт само до средсело нема да го реши проблемот. Па, бараат асфалт на уличната мрежа во неколку правци. Во правец на црквата Св Спас, во правец на црквата Св Димитрија и селските гробишта, Во правец на манастирот Св Петка до последната куќа во селото. Потоа во правец на училиштето и игралиштето, осносно црквата Св Ѓоргија. Мештаните велат ако не може да се асфалтира оваа улична мрежа во целост, барем да се овозможи на неа да се постави дробен асфалт, како и да се употреби и коцката која постои на патот кон село Брусник. Во дел од улиците ако се има можност да се постават и бекатон плочки, стои во барањето на жителите на Брусник до Општина Битола. 

Нема достапен опис

Во јули годинава почна реконструкцијата на патото до селото Брусник. Општината информира дека со реализација на проектот, во овој дел ќе се изврши изградба на фекална канализација и реконструкција на коловозот на локалниот пат за с. Брусник.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани