Акциска контрола на подрачјето на СВР Битола, констатирано кривично дело "точење на алкохол на дете", следуваат кривични пријави
На 09/10.09.2022 во времето од 22-02.00 часот полициски службеници од СВР Битола-ОКП Битола при вршење на акциска контрола според планот „Безбедно лето 2022 “ во повеќе угостителски објекти, обиколка на школски дворови, паркови, паркинг простори, игралишта во Битола, затекнале малолетници кои се послужени со алкохолни пијалаци и кај кои било утврдено присуство на алкохол. Малолетниците во присуство на претставник од Центарот за социјална работа се предадени на родителите.
Имено, на 09.09.2022 во 22.45 часот при контрола во угостителски објект на ул."Широк сокак" беа затекнати три малолетни лица послужени со алкохолни пијалаци за што ќе следува пријава за угостителите по чл. 204 од Кривичниот законик. Исто така, на 10.09 во 01. 00 часот во продавница лоцирана на ул"Широк Сокак" управител и вработено лице послужиле три малолетници со алкохол. Децата се предадени на родителите. Следува соодветна кривична пријава