2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

За првпат на стартот од „Бит Фест“, Општината соопшти колку ќе чини

Јуни 22, 2018

За првпат на стартот од битолското културно лето „Бит Фест“ соопштено е колку ќе ги чини битолчани двомесечното културно инјектирање.

„Во името на транспaрентноста за првпат отворено ќе се знае сумата потрошена за културата ова лето. Одобрени средства во програмскиот дел се 5 240 000 денари и тоа 3 240 000 денари од буџетот на Општина Битола и за првпат 2 милиони денари од буџетот на РМ. Вкупната сума е неколкукратно пониска од изминатите години, не затоа што не треба да се троши, туку затоа што локалната самоуправа мора да мисли на сите аспекти на животот во општината од култура до инфраструктура“, рече градоначалничката Наташа Петровска..

 

Годинава концептот е изменет со тоа што нема да има свечено отворање и затворање, а во следните два месеца ќе има 58 настани. Селекцијата ја направи комисија составена од експерти. При селекцијата, како што беше кажано на пресот, се внимавало да се изберат настани за сите вкусови, да се поддржат манифестации кои имаат долгогодишна традиција или имаат дефиниран имиџ на препознатливост од понова датум.

Во програмата се вклучени „Битола Шекспир фестивалот“, „Битола отворен град“, детска работилница на познатата креативна наставничка Весела Богдановиќ, „Рок Симфонија“ на Камерниот оркестар на која ќе гостува и Дадо Топиќ, „Локум фест“, „Илинденски денови“, „Незаворав“ , „Битола во бело“ до познати ди џеи и друго. Воедно и амбасадите ќе учествуваат со нивна понуда на културни настани што ќе го потврди карактерот на Битола на конзулски град.

Новата локална власт не го промена името на „Бит Фест“ како што тоа го направи екс градоначалникот пред 12 години кога дотогашното културно лето што го организираа неговите претходници не се зеде во предвид и од одбројувањето започна со „Бит Фест“.

„Не сакам со моето доаѓање да бидат направени такви резови кои нема да отворат простор за правење на стандради, туку ќе отворат простор да целокупно мислата биде насочена кон лечење на некакви суети, реваншизам , форсирање на некои политики “, рече Петровска.

Годинава на програмата не пишува дека покровител е градоначалник на општина Битола зашто според Петровска, покровителство имате тогаш кога располагате со средстава кои се под директна надлежност на градоначалникот.

„Ова се средства од буџетот, од граѓаните и не би сакала да биде популистички форсирано и понатаму да стои само името на градоначалникот“, рече Петровска.

Таа за идната година најави промена на концептот велејќи дека Битола ќе биде град на културата 365 дена во годината.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани