2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Отпуштените наставници се сретнаа со градоначалничката Петровска

Јуни 22, 2018

Просветните  работници на кои не им беа продолжени договорите за работа по училиштата и градинките во Битола, денеска после неколку месеци инсистирање се сретнаа со градоначалничката Наташа Петровска. Од осумдесеттина отпуштени наставници на средбата присуствувале 15, кои од градоначалничката побарале помош да се преиспитаат постапките зошто не им биле продолжени договорите за работа  во второто  полугодие  од оваа учебна година.

 

Гордана Јоначиќ, една од отпуштените наставнички за апла.мк рече дека не се задоволни од средбата и од изземањето на одговорност на Петровска и  замижувањето пред правните и прекршоците од педагошката пракса.

-Градоначалничката не прими на разговор и откако не сослуша ни кажа дека таа не е надлежна за случувањата, туку да се обратиме до Државниот просветен инспекторат. Во исто време ни кажа дека неможе да ја работи работата на директорите на училиштата и градинките, туку дека секој од нив сноси одговорност за своите постапки. Не упати да се жалиме  до Инспекторатот  зошта таа како градоначалник нема надлежност да им сугерира на просветните инспектори, рече Јоначиќ за апла.мк.  Но, отпуштените наставници веќе поднеле претставки  до Инспекторатот  и без резултат.

Просветните работници на кои не им беа продолжени договорите за работа беа ангажирани во образование по неколку години. Тие во неколку наврати протестираа пред  Општината  и бараа средба со градоначалничката, сега велат дека оваа денешна средба воопшто не ги охрабрила и не вродила со плод.  

Градоначалничката Наташа Петровска досега во неколку наврати има изјавено дека во дел од училиштата во изминатите години постоеле таканаречени вештачки часови и дека од оваа година тие се елиминирани.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани