2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Ски клубот „Пелистер“ бара ревизија на приватизацијата на Копанки

Јуни 23, 2018

Да се отворат сите постапки како Планинарско-спортското друштво „Пелистер“ стекна право на сопственост на планинарскиот дом Копанки, барааат од Ски клубот „Пелистер“ од Битола. Од таму велат дека се неправедно изоставени од процесите на трансформација и право на користење на сите инфраструктурни објекти во ски центарот Копанки.

„Според податоците и документите со кој располага Ски клубот Пелистер, имаме подеднакво право на користење на инфраструктурните објектите во рамки на Ски Центарот КОПАНКИ како и Планинарското друштво Пелистер сѐ до моментот на легализација и приватизација кога намерно или од небрежност Ски Клубот Пелистер е изоставен“, пишуваат од ски клубот „Пелистер“

Преку соопштение испратено до Владата на РМ, Општина Битола, градоначалничката Наташа Петровска и пошироката јавност, даваат поддршка на иницијативата за обнова на домот, но исто така апелираат сите надлежни и релевантни институции активно да се вклучат во расветлување на случајот.

„Бараме отворање на сите постапки, како е стекнато правото на сопственост за Планинарскиот дом Копанки, како и останатите постапки за легализација на објектите во ски центарот Копанки-ски куќа, жичара, ски лифт и другите придружни објекти“, пишува во соопштението на ски-клубот „Пелистер“.

Според нив, важно е да се проследи цела хронологија на настаните, кога започанала изградбата на планиарскиот дом Копанки во која биле вклучени Планинарско-смучарско друштво Пелистер , самоиницијаивни работни акции во СФРЈ, финасиски помагатели СР Македонија, Општина Битола, развојни фондови од поранешен СИЗ за детска заштита и самопридонес на граѓаните на Општина Битола.

“ За таа цел, потребно Да се испитаат сите трансфорамации на Здружението на граѓани: како е извршена трансформација од Планинарско-смучарско друштво Пелистер во Планинарски Спортски Клуб Пелистер Битола и кој го изоставил скијачкиот клуб од целината Ски Центар КОПАНКИ. Да се обезбеди хронологија за историски преглед на извршените запишувања во Катастар на недвижнини, како и кој извршил промена од право на користење во право на сопственост на објекти кои се дел од Ски Центарот КОПАНКИ“, се наведува во соопштението на ски клубот „Пелистер“.

Инаку Планинарско-спортското друштво „Пелистер“ пред две недели започна со работна акција за обнова на домот. Прво беше расчистен сметот, а потоа однесен и градежен материјал за да се подигнат потпорни ѕидови.

Советот на Општина Битола во средата донесе заклучок за изнаоѓање на решение за санација на опожарениот дом „Копанки“. Според заклучокот, Советот се обврзува дека ќе обезбеди 100 000 евра за обнова на домот. Воедно беше упатен и повик до Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ да продолжи со разговори со градоначалничката на Битола за градење на взаемно прифатливи услови за изградба на домот во интерес на општо добро. Понатаму, беше истакнато дека Општината во овој момент нема законски основ за вложување зашто стопроцентен сопственик на домот е Планинарското друштво. 

Од друштвото рекоа дека се заинтересирани да продолжат да разговараат со градоначалничката. Но, не гледаат дека сопственоста е некаква пречка. Објаснуваат дека според Статутот не можат да отуѓуваат делови од имотот.

Сега ски клубот „Пелистер“ бара ревизија на целата постпака, како планианрското спортско друштво „Пелистер“, од корисник станало сопственик на домот и како клубот е исклучен од правото на користење на сите објекти во ски центарот Копанки.

Soopstenie SK Pelister.pdf1

 

Soopstenie SK Pelister.pdf2

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани