2win800x200

Се враќа топлиот оброк за вработените од РЕК Битола - мензата ќе биде обновена за кратко време

Октомври 18, 2022

По повеќе од 10 години ќе се врати топлиот оброк за вработените на РЕК Битола. Направени се план и стратегија за да се врати мензата. Во сите три смени ќе има топол оброк за вработените. Според предвидувањата за шест до седум месеци мензата ќе почне со работа, најави Пеце Матевски првиот човек на РЕК - Битола. 

Нема достапен опис

-Менаџментот на РЕК Битола денес одржа стручен колегиум на кој меѓудругото стана збор и за враќањето на ресторанот за општествена исхрана поточно мензата. Нас, работниците ни се најклучниот стожер во производството и заслужуваат да имаат топол оброк. Мензата за краток период ќе се пушти во употреба и најголем бенефит ќе имаат работниците. За да имаме успешно производство треба да му удоволиме и на нашите работници, подобри услови за работа односно да го вратиме сјајот на некогашниот РЕК Битола, изјави Матевски, генерален директор на РЕК Битола. 

Нема достапен опис

Мензата ќе опфаќа: кујната во Термоелектраната, ресторанот и кујната во Суводол и помошната кујна во Брод Гнеотино.

-Започнаа активностите околу имплементација на работната задача која треба да ја стави во функција мензата. За краток период ќе се зголеми продуктивноста на трудот, ќе се реализираат сите активности кои предвидуваат баланс на потребните јагленохидрати, белковини, масти за еден вработен во РЕК Битола. За краток период ќе се направат сите неопходни подготовки, да се стави во функција целата инфраструктура и опрема според ХАСАП стандарди. Со обезбедување на топлиот оброк ќе се отворат можности за нови вработувања, нови кадри кои ќе бидат подготвени и од нашата Подружница и ново вработени, изјави Николче Каровски директор на хотелот Молика. 

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани