АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Крадци ја украле чешмата со што предизвикаа голема поплава во горната сала од Центарот за култура во Битола, потврди за Апла.мк директорката Маја Андоновска-Илиевски.
Ова е старата сала за свадби која долго време не е во употреба. Од таванот утрово течеше вода од сите страни кон надворешниот дел на објектот пред влезот на Театарот.
„Ни предизвикаа голема штета. Случајот е пријавен во полиција и се работи на санирање.
Крадците ја скршија вратата и влегле горе, украле две чешми и водата течела цела ноќ. Се направила поплава во горниот дел, во салата. За да истече побрзо поголемата количина на вода надвор од просторијата и објектот, зашто не можеше да истече на друг начин, на неколку места од подот се пропуштија со бормашина дупки и на тој начин почна да истекува надвор. Не можеше со пумпа да се извлечи зашто огромна е површината, а нивото на водата беше плитко", ", рече Маја Андоновска -Илијевски, директорка на Центарот за култура.