АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Повеќе од седум и пол децениската плодна активност на битолските пензионери е овековечена во монографијата „76 години позитивни активности 1946-2022“ која ја подготви и отпечати Здружението на пензионери од Битола. Монографијата беше промовирана на свечена седница што денес се одржа во Големата сала на Народниот театар во Битола по повод одбележувањето на 76 годишниата од постоењето на Здружението. Оваа прва монографија содржи над сто и педесет страници исполнети со стотици активности на пензионерите од Битола и ограноците во Новаци и Могила, како и бројни колор фотографии кои ја потврдуваат автентичноста на напишаното.
На седницата присуствуваа претставници од Собранието на Здружението на пензионери, претседателите на ограноците и комисиите, градоначалниците на Новаци и Могила, претставник на Општина Битола, претседателите на збратимени и други здруженија на пензионери со кои соработуваат како одние од Прилеп, Тетово, Ѓорче Петров, Гази Баба, Радовиш и Врање, Србија, како и многу гости. Во воведниот збор претседателот на Собранието, Крсте Белевски, рече дека уште минатата година кога Здружението прославуваше 75 години постоење планирале да објават монографија, но поради пандемијата мораше да се почека до годинава.
Свечено обраќање пред присустните имаше претседателката Даница Пеличкова која речe:
-Голема чест и задоволство ми претставува да бидам на чело на најголемото и со најдолга традиција на постоење,Здружение во Република Северна Македонија. Оваа година, Здружението на пензионери од Битола одбележува 76 години од своето основање . По тој повод ја издаваме оваа занчајна монографија со цел да останат запишани сеќавањата за неговото формирање, како и развојот низ годините во најголемо здружение членка на СЗПМ. Во изминатите 76 години Здружението на пензионери Битола растеше, се надградуваше и постигнуваше видни резултати во сферата на пензионерското организирање.
Одбележувањето на 76 годишното постоење е доволен доказ за неговата зрелост, но и потврда за бројните постигнати резултати и успеси, согледување на проблемите и слабостите, а со тоа и трасирање на патот за понатамошен развој.
76 годишното постоење поттикнува гордост, но и задолжително сеќавање и признание за многу генерации кои се вградија во развојот на Здружението работејќи со голема инспирација и ентузијазам. Сите заедно љубоморно ги чуваме спомените кои оставиле белег за нивното постоење и секогаш со задоволство се навраќаме на нив на средбите и пензионерските дружења.
Мисијата на Здржението на пензионери- Битола е создавање услови за заштита и унапредување на заедничките цели и интереси на корисниците на пензија, остварување на правата од пензиско и инвалидско осигурување, поквалитетна здравствена заштита, поквалитетно домување, унапредување на културните, спортските и хуманитарните потреби на пензионерите.
Пензионери имаат право на достоинствена старост, пристоен и мирен живот во своите зрели години. Тие целиот свој живот придонесувале за нашата држава и кога им завршува работниот век треба да им се возврати пензионерските денови да бидат спокојни и достоинствени-, рече претседателката на Здружението Даница Петличкова.
Пред присустните таа спомна дел од долгата листа на активнбости што беа преземени за време на нејзиното претседателствување со Здружението. Соочени со пандемијата на ковид-19 имаа бројни хумнаитарни активности. Со Црвен крст беа изработени 500 примероци со соопштенија до пензионерите со препораки да останат дома, да се заштитат од коронавирусот, да се јават на телефоните кои беа достапни 24 часа.На Клиничката болница во Битола беше дониран апарат транспортен вентилатор неопходен за превоз на тешките болни до Скопје, храна и санитетски материјали, столчиња, постелнина за 150 кревети и донација за реновирање на базенот во Физикална медицина. На Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина ,,Сју Рајдер’’ Битола беа донирани беа 2 инвалидски колички и постелнина. Донираа и финсиски средства на Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас во Битола за обновување на кујната.На 2.300 пензионерите со ниски примања им беа доделени ваучери од 1000 денари за набавка на прехрамбени производи. Над 150 пакети со прехрамбени производи беа наменети за пензионери со ниски пензии.Испратија и финасиска помош на семејствата насрадани во пожарот во модуларната болница во Тетово. Преку лето беа доделени околу 500 шишиња со ладна вода на пензионери и останати граѓани кои во редици чекаа пред инстутуциите.
Петличкова спомна и дека по повод Новогодишните и Божиќните празници на ученици од Центарот за поддршка на учењето на деца со попреченост во Основното училиште „Горги Сугарев“ Битола им се доделелија новогодишни пакетчиња. Финансиски се помогнаа и пензионери кои се заболени од тешки болести и трауми на кои им треба хирушка интервенција и подолготрајно лекување. Се обезбедува и на огревно дрво по пониски цени и плакање на рати. Освен за огревно дрво, Здружението посредуваше и при набавка на свински полутки и млечни производи за пензионерите по пониска цена и плаќањето се вршеше на рати. Се продолжи со плакањето на 50% од цената на возните билети за превоз во градскиот и пригратскиот сообраќај, со оние превозници кои ги продолжија договорите. Со две лабаратории продолжија договорите за бесплатно испитување еднаш месечно на три парамери од крвта (холестерол,триглицериди и гликемија) на сите членови пензионери.
„Од капиталните инвестиции треба да напомение дека е купен простор од 100 квадратни метри за клуб на пензионери. Истиот е опремен и по укинувањето на мерките за заштита од ковид-19 редовно работи. Со реконструкција на една просторија се конструираа и направија три модерни канцеларии за вработените во кои се создадоа одлични услови за работа.Санирана и променета беше кровната конструкција над салата и работните канцеларии“, рече Петличкова.
Една од главните активности на ЗП – Битола, посочи претседатлеката, беше релизацијата на активноста за воведување на социјална карта на пензионерите од ЗП - Битола. И покрај отежнатите услови за спроведување на акцијата поради пандемијата, ангажираните лица како анкетари скоро 80% од планираните активности ги завршија во извештајниот период. Исто така, Здружението инвестираше во пензионерски клубови како што се: месниот огранок во с. Кукуречани, с. Новаци и ,,Кочо Десано“ во Битола.
Програмските активности од културно-забавниот живот и спортските активности, продолжија да се реализират, но поради пандемијата во последните две години многу активности беа одложени, односно редуцирани, но сосема не изостанаа. - Пеачката група „Сирма Војвода“ учествуваше на ,,Регионалната ревија на песни и игри“ во Прилеп и манифесатцијата „Илинденските денови“ во Битола, а заедно со поетесата и пензионерка Наде Велјанова учествуваа и на Регионалната ревија во Прилеп по повод 100- годишнината од раѓањето на академик Блаже Конески. Успеси постигнаа и пензионерите спортити, а се организираа и еднодневни излети во Македонија и надвор од неа. Годишно еднодневни екскурзии и излети просечно користат околу 2500 пензионери.
Одбележувањето беше заокружено со доделување плакети и благодарници на членови и соработници на Здружението на пензионери од Битола.