АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Здружението на пензионери Битола во август склучи Меморандум за соработка со Здружение на професионални консултанти „Подготвеност за Европа“ - Скопје, каде се утврдија активностите што треба да се остварат во проектот „Заедно сме посилни во дигиталниот свет“. Проектот го спроведуваат Здружението „Подготвеност за Европа“ во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија, а финансиски поддржан од Европска Унија.
Целна група беа 30 пензионери, кои со назначен ментор два пати во неделата во траење од 2 часа во просториите на ЗП Битола, два месеци, беа дигитално описменети, согласно Програмата за дигитално описменување на стари лица и модулите за сајбер безбедност.
Проектот беше реализиран во целост, пензионерите стекнаа знаење на различни теми поврзани со основни дигитални вештини, користење на достапни апликации од нивен интерес, како и теми поврзани со сигурно и безбедно користење на интернет услугите.
Завршна заедничка средба се одржа на 16.11.2023 год. на која на сите учесници им беа доделени сертификати за активно учество на работилниците и стекнување основни дигитални вештини и безбедно присуство на интернет во рамките на проектот „Заедно сме посилни во дигиталниот свет“ спроведен во периодот од октомври до ноември 2023 год.