2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Поскапувањето на водата е на барање на Регулаторната комисија и по препорака на ЕУ, велат директорите на јавните претпријатија

Јуни 26, 2018

Поскапувањето на цената на водата е по барање на Регулаторната комисија и по препорака на Европската Унија, објаснуваат директорите на јавните претпријатија во Битола. Горан Козаров, директор на ЈП „Водовод“ вели дека одлуката за поскапување на водата на Регулаторната комисија ја наследиле од времето кога на власт било претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Поради ваквата наследена состојба и финансиските извештаи за состојбите во претпријатијата тие во јануари годинава морале да донесат предлог цената на водата да се поскапе за 15 проценти, што било одбиено од Советот. Со домаќинско работење во изминатите шест месеци успеале да ја подобрат финансиската состојба на претпријатието, па поскапувањето од 15 проценти кое првично било планирано, да се намали за пет проценти, односно сега да се побара раст на цената за само 10 отсто.

„Сега цената поскапува за 10 проценти, благодарение на домаќинското работење и нашите заложби не дојде до поголемо поскапување. Инаку, покачувањето на цената на водата е барање на Регулаторната комисија која ја презема контролата на цените за водите, исто така е и препорака упатена до Општина Битола од Европската Унија, со писмо преку кое ни се налага на јавните претпријатија и Општината да ги прифатат цените од Регулаторната комисија направени по економски анализи и трошоците што ги имаат фирмите и пред сè за заштита на животната средина“, рече Горан Козаров, директор на ЈП ”Водовод“

Директорот на ЈП „Нискоградба“, Методи Силјановски, вели дека и до нив се обратила Европската делегација и побарала да се почитуваат усвоените тарифи на Регулаторната комисија за енергетика. Воедно, не смее да се занемари фактот дека прерпријатието го спроведува прокетот за прочистителна станица кој ќе значи спас за реките и каналите во Битолско од загадените води

„Проектот за пречистителна станица за Битола трае околу 3 години и во моментот е во завршна фаза, односно распишување на тендерска документација. Бенефитот од пречистителната станица е огромен. Со години наназад имаме проблем со загадување на водите на петти канала и загадување на реката Драгор. Со овој проект комплетно ќе с е прифатата сите отпадни води на град Битола, односно според нашите анализи 99 насто. Петти канал ќе биде чист канал од каде водата граѓаните ќе можат да ја користат за наводнување, а исто така, загадувањето на реката Драгор ќе се сведе на минимум , со што ќе се намали загадувањето на Црна река, каде најголем причинител за загадувањето е реката Драгор, изјави Методи Силјановски, директор на ЈП „Нискоградба“ од Битола.

Водата  поскапува за 2,5 денари по метар кубен, а таксата за каналзиација за 1,34 денари, а просечно месечно секое домаќинство ќе има повисока сметка за 15 до 20 денари.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани