АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
НУ Универзитетската библиотека „Св Климент Охридски“ од Битола беше домаќин на „Денови на COBISS во Република Северна Македонија“ каде гости беа директорот на ИЗУМ од Марибор, Словенија д-р Алеш Бошњак и претседателот на Советот на COBISS.Net, д-р Исмет Овчина.
Директорот на Битолската библиотека Бојан Стефановски рече дека оваа установа е една од првите во државата која се вклучи во автоматизацијата на библиотечните процеси уште во 1989 година. Во 1996 година Библиотеката го обновува договорот со ИЗУМ од Марибор, Словенија. Се инсталира новата верзија на програмската опрема COBISS и се изгради заедничка база на податоци позната каако cobiss.mk.
„Нашата библиотека во 2003 година стана првата библиотека во државата со илустрирана програма за позајмување на библиотечна граѓа. Кобис платформата овозможи онлајн достапност на библиотечната граѓа која во Библиотеката се обработува во Одделеот за каталогизација. Во последните години активен е сегментот кобис 3 зајмувањее кој има големо значење за корисниците на Библиотеката за кој беа обучени повеќе библиотекари од различни стручни спреми. Во Библиотеката имплементиран и најновиот сегмент ковис 3 набавка со што е комплетиран процесот на автоматизација“, рече Стефановски.
Со оглед дека автоматизацијата е во постојан подем, планираат и во идниот период постојана надоградба и набавка за нов хардвер и софтвер како дел од нови решенија во библиотечното работење. Компетно е заменета страта техничка опрема, постојани се обуките за вработените како дел на стручно и професионално усовршување, подобрување во фискализацијата, стимулирање за користење на отворена база на податоци и дигитализација на библиотечниот материјал.
„Сето ова е во корелација со нашата примарна задача да бидеме претпознатлив, незаобиколен дел од опкружувањето и секојдневитето на граѓаните. Нашите програми да ги градиме според потребите на читателите. Нескромна е констатацијата дека Библиотеката со своето 78 годишно постоење придолеа за равој на библиотекарството во Македонија“, додаде Стефановски.
Јелена Петровска, библиотекар советник и програмски раководител, која беше вклучена во организацијата на настанот рече дека COBISS ситемот значи дека книгите од самата набавка кога стигнуваат во библиотеката се внесуваат во компјутерскиот систем, па крајните корисници имаат податоци за се што содржи од издавач, автор, број на страници, прилози, до изнајмување на библиотечната литература. Во Библиотеката може да се добие каталог со книги со кои рапсолагаат многу врмежени библиотеки, се до Конгресната во Вашингтон и може бараната книга да се резервира.
„Кобис програмата е во цела Европа, сите околни земји го користат тој каталог, значи сите книги во база. Каталогот е поврзан со најголемата библиотека во светот- Конгресната во Вашингтон. Секоја држава ги има внесено сите книги, научни списанија, публикации во таа база. Тоа значи дека преку нашиот каталог можете сите тие информации да ги најдете. Кобис овозможува и меѓублиблиотечно позајмување , да можете од тука да позајмете книга од Куманово. Да видите дали ако работите магистрска теза дали некоја книга ја има во Беград или Љубљана“, рече Петровска.