АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Патничкиот воз кој во 14.30 тргна од Железничката станица во Скопје , а требаше да биде во Битола во 18 часот, се уште не е пристигнат. Како што дознава апла.мк станува збор за дефект на друг товарен воз кој е заглавен кај Гостиражни, во општина Долнени, a пругата блокирана, поради што патничкиот воз чека кај Богомила расипаната композиција да се отстрани.
Во моментот машина од Битола е упатена кон Гостиражни за да го повлече расипаниот товарен воз, по што пругата ќе се ослободи за да мине возот со патници од Скопје кој треба да допатува до Битола.
Досега патниците е во возот цели 6 часа, а потребни се најмалку уште 2 часа да пристигнат во Битола