АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Професорката по пијано во пензија, Маргарита Татарчевска, која работниот век го помина во Дражавното музичко училиште во Битола е добитник на наградата за животно дело што денес ѝ ја врачија Здружението на музичките и балетските педагози на Македонија.
По повод врачувањето на нагардите беше одржан свечен концерт во Музејот на македонската борба.
Татарчевска е исклучителен музички педагог и професор, а многу од нејзините некогашни ученици денес се квалитетни пијанисти кои одржауваат концерти ширум светот, а некои ја продолжија нејзината мисија и предаваат во Државното музичко училиште во Битола. Магарита е сопруга на извонредниот кларинетист и професор по музика Панде Татарчевски кој веќе не е меѓу нас. Но, семејната традиција ја продолжи и нивниот син диригентот Сашо Татарчевски.
Меѓу наградените музички педагози за едногодишна успешна работа е и професорката по соло пеење од Државното музичко училиште во Битола, Маја Митровска.