АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За најдобар наставник по германски јазик за 2022 година Гете Институтот од Скопје ја избра Симона Монавчева, наставник во Основното училиште „Тодор Ангелевски“ во Битола. Од училиштето соопштија: „Гордо објавуваме дека по одржаниот натпревар за најдобар наставник по германски јазик за 2022 година од страна на Гете Инстутутот од Скопје, нашата наставничка по германски јазик Симона Монавчева го освои првото место и се здоби со епитетот најдобар наставник по германски јазик за 2022 година. Упатуваме голема благодарност до учениците од IX-2 за учеството во реализираниот час на тема: "Medien im Alltag - mediensüchtig und falsch informiert ?" ("Медиуми во секојдневието- зависни од медиумите и погрешно информирани?) и се радуваме што сме дел од победничкиот тим“.
Изборот за најдобар професор по германски јазик организиран од Гете Институт од Скопје оваа година втората награда ја додели на професорка по германски јазик Нина Илиќ од гимназијата „Јосип Броз Тито“ -Битола.
„Горди сме што работиме со најдобрите професори! Благодарност до учениците од IV1 клас со чија помош беше реализиран часот "Teenager-Augen enthüllen Falschinformationen Lügner und Betrüger im Internet". Задоволство е да се биде дел од победничкиот тим!“, соопштија од Гимназијата.