2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Смолево станува велосипедски парк

Декември 09, 2022

Околу 80 проценти се завршени од проектот за рекреативната зона Смолево да стене велосипедски парк. Проектот е во завршна фаза и веќе се трасирани четири видови на патеки: ендуро, пешачка, поврзувачка и нагорна.

Проектот кој ќе им овозможи на велосипедистите да имаат свое катче во Битола, финансиран и одобрен е од Министерство за локална самоуправа за време на претходниот министер Горан Милевски. Носител на проектот е Екстрим Бајк Тим Битола, а партнери се се Општина Битола и Агенција за поддршка и промоција на туризмот во РС Македонија.

Фирма изведувач Јумак ДОО со имплементатори на терен Алиансе од Словенија и СКИДС, здружение од Битола за изградба на МТБ патеки.

„Целосно е веќе изработено:

-Ендуро патека која почнува од каналот и завршува точно кај црквата Св Атанас во Смолево. Патеката е со умерено ниво на тежина и е во категоријата на патеки за спуст надолу, достапна за секој да можи да проба да ја вози надолу. Должина на патеката е 1500 метри со ширина од 1 метар.

-Пешачка патека која започнува од Смолево и се движи нагоре до каналот, во должина од 1300 метри. Поголемиот дел од неа е веќе постоечки, направо е комплето проширување, чистење и расчистување на цела патека.

-Поврзувачка патека,која започнува од средината на нагорната патека и се движи кон средината на ендуро патеката која е наменета за спуст надолу кон Смолево. Должината на оваа петека е 600 метри со 1 метар ширина.

-Нагорна патека, започнува од кај црквата Св Атанас Смолево и се движи нагоре до каналот,патеката е од лесен тип со тоа што секој ќе можи со велосипед да се искачи до каналот над Смолево.Должината на цела патека е 2400 метри со ширина од околу 2 метри“, соопштија за Апла.мк од Екстрим Бајк Тим Битола.

патека1

„Со целосната имплементација на овoј проект се надеваме од наредната година да почнeме да организираме ендуро натпревари на патеките и тоа од балкански, па и европски карактер..Придонесот кој што ќе произлезе ќе биди од огромно значење за развој на овoј спорт во целиот регион, зголемување на туристичката понуда во делот на МТБ патеки која зема се поголем и поголем замав на Балканот, добри навики за многу млади деца уште од мала возраст да се обидуваат да возат велосипед на планина, како и за најискусните велосипедисти да имаат каде да ги подобруваат способностите и вештини, за во иднина да остваруваат видни резултати на сите натпревари каде нашиот тим зема учество“, велат од Екстрим Бајк Тим Битола. 

патека2

патека3

патека4

патека5

патека6

патека 7

патека8

патека8

патека9

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани