2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Уникатна изложба на грла од етнологот Наде Геневска -Брачиќ во Завод и музеј Битола

Декември 07, 2022

Ако денес се модерни длабоките деколтиња, пред еден до два века девојките носеле грла- правоаголно парче текстил украсено кое го покривало отворениот дел од кошулата. Традицијата налагала градниот дел да биде покриен без проѕирка, но со стил. Токму затоа грлата биле вистински уметнички творби. Тоа го потврди уникатната изложба  „Елемент од народна носија-грло“ на Наде Геневска –Брчиќ, етнолог- кустос советник во Завод и музеј Битола. Изложбата бори 50 оригинални грла од  битолскиот и прилепскиот крај кои датираат од  19 и 20 век.

наде геневска брачиќ

„Ја подготвив изложбата по моето долгогодишно работење со збирката на носии и текстил. Секоја година тие носии ги отворам, разгледувам и сметав дека овој елемент од носијата досега е комплетно занемарен. Воопшто не му е дадено значење. Сметав дека начините на кои се работени, инвентивноста се уникатни, секое едно грло претставува уникатност по инцпирацијата. Сметав дека поради таа занмареност е многу битно да се актуелизираат и да се отворат и секогаш ги гледав како уметнички слики“, вели  Геневска –Брачиќ.    

Грлото е правоаголно парче од бело платно, декорирано  во централниот дел кое со две врвци се врзува околу вратат. Се декорирало со  вез, мониста, ширити,  украсни траки,  пулејќи и тантела, а најчестите мотиви на везење биле лози, па цветови, крвчиња...  

„Под терминот пластрон се заведени и примероци на грла и везени предници  со јака од Македонија во музејските збирки на Британскиот музеј во Лондон“, рече Геневска-Брачиќ.

318181027 577419794389383 8035823412472440029 n

317734800 577419871056042 6492443492713756077 n

317837462 577420237722672 425013602523593717 n

10:09

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани