2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Советникот Корлевски донираше четири советнички хонорари за набавка на професионален инхалатор на Педијатрија

Декември 27, 2022

 

Ултрасоничен професионален инхалатор наменет за болнички услови донираше советникот од СДСМ Борче Корлевски заедно со неговото семејство на Одделението за педијатрија при Клиничката болница во Битола. Инхалаторот кој е наменет за најмладите пациенти со респираторни проблеми е набавен од странство и чини околу 60.000 денари за што Корлевски донираше четири свои советнички хонорари. 

 
,,При средба со началничката Оливера Груевски ми кажа дека е неопходно за нејзината служба и за дечињата на Битола да има ваков апарат кој ќе опслужува на најквалитетно ниво деца кои имаат проблеми со респираторните патишта. Одлучив она што го добивам како советник да биде од граѓаните за граѓаните. Вредноста на апаратот е колку четири месечни хонорари околу 60.000 денари. Набавен е од Србија и од денес е во функција за потребите  на нашите најмили, дечињата", рече Корлевски. 
 
Од Одделението за педијатрија му доделија благодарница и изразија надеж дека ваквиот чекор на Корлевки ќе поттикне и други хумани битолчани да донираат за ова служба и во болницата. 
 
Корлевски заедно со сопругата донираа и новогодишни кеси за децата пациенти на Одделението.
Нема достапен опис
Нема достапен опис
Нема достапен опис
Нема достапен опис
Нема достапен опис
Нема достапен опис 
Нема достапен опис
Нема достапен опис
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани