АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Кога ќе се спојат креативноста и едукацијата, посебно ако тоа е во празничка атмосфера, резултатот е успешен. Така изгледаше Божиќната прослава во Центарот за гемански јазик „Илиеви“. Учениците, без разлика на возраста, на креативен и збаваен начин, а притоа во новогодишен амбиент, учеа за германската култура. Над 60 учесници се вклучија во прославата, изработувајќи колачи и друга храна од германската кујна, учествувајќи во едукативни работилници и дружејќи се.
„Во Центарот за германски јазик Илиеви секоја година, освен оние кога бевме во социјалка дистанца, се одржува Божиќна прослава со цел да се претстави германската култура на македонската публика и учениците кои кај нас посетуваат курс. Во меѓувреме се појави желба да се направи сикрет санта, односно учениците да се изненадат меѓу себе пред празникот со симболични подароци. Учениците на драга волја изработија ситни колачи или нешто по желба од македонската или германска кујна. И плус за ученикот што го избраа донесоа сите подарок по симболична цена. Го направивме тоа низ цел центар, па кај учениците се разбуди голем интерес. Така учеа меѓу себе што сака другата генерација. Имавме и работилници за брза географија, со што го тренираа нивното знаење на одредена буква да најдат географски топоними во Германија. На другата пак, кажуваа што божиќно би зеле со нив“, раскажа Симона Монавчева, настваник по германски јазик и една од сопствениците на Центарот „Илиеви“.
Хрната беше превкусна, за возрасните се послужи и варено вино, а за децата какао и мачмалоу. Исто така на дружбата преку зум се приклучија и други ученици од Центарот кои се во странство. Ова беше вистинска голема дружба со едукативен и забавен карактер.
Центарот „Илиеви“ и понатаму продолжува посветено да ги едуцира своите курсисти во изучувањето на германскиот јазик преку креативна наставна програма, но и да ги поттикнува за негова примена преку практични начини и вежби.
„Правиме поткасти за кои одговорна е ученичка Илиана Николовска која ќе го изработува интервјуата како едукативна алатка за учениците. Притоа едниот ученик го учи начинот на поставување прашања, а другиот учи како да одговара, така има придобивка и за двете страни. Поткастите ќе бидат јавно објавени на нашата страница која е изработка. Со тоа ќе може да се види што работат нашите ученици, а да се мотивираат и други да ни се приклучат“, рече Монавчева.