2win800x200

Соларни дрва и ветерници ќе го красат Драгор- подетално за идејното решение за регулирање на речниот тек

Јануари 17, 2023

Соларни дрва кои ќе произведуваат електрична енергија, канделабри со соларно напојување, пешачки,  велосипедски и трим тартан патеки, видиковци со ветерници, а на  дното филтри за прочистување на водата. Сето ова е предвидено во најдоброто идејното решение за регулирање на речниот тек на реката Драгор што беше избрано на јавниот конкурс од Општина Битола и деновиве беше изложено во Офицерскиот дом. Прокетот е изработен од архитектот и одговорен проектант  Марина Сазданова и тимот на „ЕКО Мар Инжинеринг“ од Битола.  

„Идејното решение го изработивме од љубов кон нашиот град, за да изгледа естетски поубаво, да имаме поквалитетен простор за спорт и рекреација, зеленилото и природата да ги истакниме на највисоко ниво и овој простор да биде самоодржлив. Нашето конкурсно решение доби прва награда, во идејното решение ние вложивме геодетски снимки, хидраулички пресметки и ангажиран технички персонал, тим од повеќе инженери работевме на овој проект со должина од 4,2километри“, вели Сазданова.

драгор2

Идејното решение го опфаќа текот од двете страни на реката од Црн Мост до западната граница на ГУП и двата краци кон селата Дихово и Братиндол. Различните програмски зони по должината на реката се поврзуваат преку пешачки, велосипедски и трим патеки за трчање.

„По течението на реката, странично на новопроектираното речно корито се поставени три видиковци од бетонска и челична конструкција. Обраснати со растенија. На врвот на видиковците се инсталирани аксијални ветерници, додека на дното има филтри за прочистување на водата. Странично на каскадите од реката се предвидени подводни рампи со цел непречена миграција и движење на рибите по течението“, додава Сазданова.  

MARINA SAZDANOVA

(Марина Сазданова, архитектот и одговорен проектант на идејното решение)

Се предвидуваат и метални шестаголни конструкции со растенија при што се формираат зелени шатори во форма на големи елки. За осветлување ќе се користат канделабри кои се напојуваат од соларен панел и аксијална ветерница. Со цел самоодржливост ќе има и  „соларни дрва"- метални конструкции со монтирани соларни панели. Ќе случат за електрична енергија и заштита од сонцето.

SoLarni drva

Обезбедена е интеграција на природата и зеленилото, при што истовремено ќе се обезбеди можност на населението да ги користи овие површини без да се нарушува природиот баланс на просторот. Од таа причина, не се предвидени големи објекти туку лесни конструкции од типот на настрешници и павиљони. Секоја зона програмски е планирана да понуди одмор, забава, спорт и рекреација. Предвидени се и места за фитнес, висока вештачка карпа и терен за мини голф. Ќе постои можност целиот опфат да се помине со велосипед или пеш. За  да се спроведи на дело потребно е решението да се преточи во основен проект и да се обезбедат пари.

22

„За реализација потребно да се изработи основен проект со кој ќе обезбеди одобрение за градење. Нивото на кое што се изработува основниот проект е разработено со сите позиции потребни за да се изгради овој проект, заедно со премер пресметка со сите потребни количини на градежни материјали и технологија на градење. Идејниот проект е основа за изработка на Основниот проект“, велат од тимот.

23

драгор6

Иинаку Сазданова е вработена во ЕКО Мар Инжинеринг ДООЕЛ Битола. По образование е  дипломиран инжинер архитект на Архитектонскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работи најчесто урбанизам и како надзорен инжинер, но исто така и проектирање на објекти од високоградба и ентериер. Има работено на повеќе конкурси во нашата држава и на меѓународни. Добитник е на 2-ра награда на меѓународен конкурс за самоодржлива инфраструктура ГРЕДИТ 2016.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани