2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Отчет на директорот на ЈП „Нискоградба“ за 2022 година: „И покрај економската криза, ги остваривме целите и не ги покачивме цените на услугите“

Јануари 18, 2023
Видео од исчистеното корито на Драгор

ЈП „Нискоградба“изминатата година во голема мера ги реализира зацртаните цели, ставајќи се целосно во служба на граѓаните на општина Битола, во сите области кои се во надлежност на претпријатието, а во согласност со условите и можностите за реализација, рече директорот Зоран Талевски, на денешната прес конференција.

„Економската и енергетска криза, донесоа зголемување на цените на материјалите, поскапување на енергенсите, така што создадоа нови предизвици, кои настојуваме успешно да ги менаџираме во соработка со нашите вработени, а притоа тековното одржување непречено да се реализира, додека паралелно работиме и на реализација на нови проекти, кои ќе ги подобрат условите во нашиот град.

Реконструирана канализациона мрежа од околу 5000 метри, исчистено коритото на реката Драгор 

-Во изминатата 2022 година реализирани се инсталации од одводни цевки од различни профили во реконструкција на канализациона мрежа, секундарна канализација, фекална, атмосферска и мешовита канализациона мрежа во вкупна должина од 4.839 метри.

Ја завршивме изведбата на колекторот за фекална канализација во село Брусник, што е многу значајно за граѓаните на ова населено место, а посебно од аспект на заштита на животната средина.

Во 2022 година претпријатието Нискоградба Битола го исчисти коритото на реката Драгор во две фази. Истото подолг период не беше исчистено, а знаеме од колкава важност е тоа за нас како битолчани, па и за изгледот на градот“, посочи Талевски. ,

Санирани ударни дупки со топол, а за првпат и со пластичен асфалт 

Тој додаде дека и покрај проблемите со набавката на асфалт, успеале да санираат ударни дупки со топол асфалт низ улиците во општината на вкупна површина од 3.808 м2 и санација со пластичен асфалт во вкупна површина од 2.019 м2 кој за прв пат се уптребува како матријал за ваква намена во Битола.

Понатаму, работеле на стабилизација на банкини со коцка при санација на коловозот, на секундарна и фекална канализациона мрежа во с. Трново. Во 2022 година биле поправени доста дефекти на приклучоци и многу интервенции на затнати одводи, за што директорот Талевски апелираше до граѓаните на поголема внимателност, да не се испуштаат несоодветни материјали во одводите затоа што штетите кои се предизвикуваат се големи.

КЈП Нискоградба, рече Талевски, активно се вклучи и во проектот на Општина Битола за создавање на нови уредени простори, за што работеле на отстранување на нелегално поставените објекти околу ЈАТ И Офицерски дом со цел Општината да може да ги реализира своите активности на урбано уредување на овие простори.

Набавен камион со посипувач и нож за чистење снег

„Презедовме мерки и за подобрување на возниот парк, за што набавивме камион со посипувач и нож за чистење на снег, кој ќе се користи за повеќе намени и во голема мера ќе ја засили работата на зимсклата служба на претпријатието. Исто така, во делот на енергетската ефикасност, извршивме промена на старата дотраена дограма во управната зграда и стопанскиот двор со нова енергетски ефикасна дограма“, додаде директорот. .            

И покрај економската криза и растечката инфлација во 2022 година линеарно ги зголемиле платите на вработените, биле континуирано ликвидни, немаат кредитно задолжување и ги задржаа постоечеките цени за услугите.

„Во оваа насока, со успешно работење, продолжуваме и оваа година, така што веќе работиме на изведбените работи во првата фаза во новиот парк Довлеџик, како и на други активности, кои ќе се реализираат во годината пред нас. Продолжуваме да работиме домаќински и во служба на граѓаните, со цел создавање подобри услови за сите жители на нашата општина“, порача првиот човек на ЈП „Нискоградба“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани