2win800x200

Лука Дамчевски го фати светиот крст за Водици во Битола

Јануари 19, 2023

Младиот битолчанец Лука Дамчевски го фати светиот крст за Водици во храмот Св Димитриј во Битола. Лука е средношколец и има само 15 години, ова е првпат да учествува на оваа црковна церемонија на фаќање на светиот крст.  На младите верници им порача да се обидат и тие до следната година да бидат дел од традицијата за Водици. Преку 25 верници од Битола скокнаа по светиот крст во базенот во дворот на храмот Св Димитриј каде со светата литургија чиноначелствуваше митрополитот Петар. Скокачите неколку минути го бараа крстот во водите, а младиот Лука изјави дека за цело време го имал на дофат и го чувал.  

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани