АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Нашите спасувачи Петар Нолев - Пепо заедно со Зоран Балуловски, Владо Николовски, Петре Илиоски и Игор Радичовски се добри и се наоѓаат во турскиот град Адијаман, и како дел од поголем тим спасувачи работат во пронаоѓање и спасување на евентуални преживеани луѓе во овој разурнат град од катастрофалниот земјотрес што се случи во понеделникот .
Тимот од пет спасувачи од Битола специјално обучени за пребарување и спасување, кој е во состав на Републичките сили за заштита и спасување при Дирекцијата за заштита и спасување, веќе трет ден работи на својата позиција. Заедно со припадниците на AFAD, Република Турција, во градот Адијаман , кој е речиси целосно уништен работи на пронаоѓање и спасување на евентуални преживеани луѓе.
-Ќе се продолжи со напорите се додека постои и најмала надеж за спасување на барем еден човечки живот, ни пишува Петар Нолев за Апла.мк .