2win800x200

Битолските пекарници ги оладија фурните, но затоа прилепска пекара им носи леб на битолчани по 33 денари

Март 03, 2023
фото БЛАГОЈЧЕ АТАНАСОВСКИ фото БЛАГОЈЧЕ АТАНАСОВСКИ Фото БЛАГОЈЧЕ АТАНАСОВСКИ

БИТОЛА – Битолчани стојат во редици за бел леб со цена под 33 денари. Во центарот на градот среде сообраќај се чека во редици, стрпливо, само да се дојде до векна бел леб по пристапна цена. Редиците се за бел леб од прилепска пекара, велат граѓаните и коментираат дека прилепчани ја спасуваат Битола, додека битолските пекарници ги оладија фурните. Дел од пекарниците на битолски фирми на своите врати напишале дека објектите им се реновираат. Таков е случајот и со една од најпрометните пекарници во Битола кај населбата Педагошка, пренесува https://nezavisen.mk/red-se-redat-bitolchani-za-bel-leb-od-33-denari/

„Битолчани ги затворија пекарниците, сега разбравме дека во оваа пекара за која ни кажаа дека е од Кривогаштани има леб по цена по која ја наложи Владата и еве чекаме ред, иако има малку нервоза, сепак нѐ убедуваат дека ќе има леб за сите“, вели битолчанката Жана, пензионерка.  

Во дел од битолските пекарници граѓаните си закажуваат леб од денес за утре, колку векни сакаат, но лебот не е бел. 

„Купувам од пекарницата покрај Драгор, интегрален леб од 900 грама е 55 денари, така беше и пред кризата, но сега разликата е во тоа што морам да закажувам ден претходно колку векни сакам. Сепак лебот не е скап со оглед на грамажата“, вели Благојче Атанасовски.  

Леб има и во дел од поголемите маркети, иако впечатокот е дека полиците во повеќето продавници се празни. Од два поголеми маркети ни кажаа дека леб има, но дека доцни, не се дистрибуира рано наутро како досега, туку после 9 часот. 

Сепак, кризатата за бел леб битолчани силно ја почувствуваа, па излезот од ситуацијата најдоа во домашно месен леб. Домаќинките месат и по неколу векни леб и ги замрзнуваат, за да имаат за цела недела. 

„Имавме брашно уште од корона кризата, сега го вадиме од долапите и го месиме леб. По неколку векни месиме навечер кога струјата е поевтина. Сметаме дека оваа ситуација е неправедна и дека пекарниците, добар дел од нив, се во мајмала рака профитери“, вели Жаклина Горгиевска од Битола.  

„Независен“ се обиде да стапи во контакт со два од најголемите производители на леб во Битола, но од таму останаа недостапни на нивните телефони. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани