Падна прва пресуда за напад од улична мачка- Судот во Битола досуди оштета за повредената битолчанка

Март 13, 2023

Апелациониот суд од Битола ја потврди првостепената преуда со која е доделена парична оштета на битолчанка која била нападната и искасана од улична мачка. Настанот се случил на Нова година во 2021 –ва додека жената фрлала ѓубре во контејнер на улицата  „Тошо Даскало“ во Битола. Адвокатот на повредената, м-р Марјан Петровски, кој успеа да го добие судскиот процес вели  дека неговата клиентка била нападната ненадејно од голема мачка, повеќекратно, при што ѝ биле нанесени повреди- откината кожа и месо во дел од раката, а била и касната во поколенијата и надколеницата. Повредите биле утврдени од медицинската документација, фото документација, а беше изработен и  вешт наод и мислење од вешто лице, специјалист по судска медицина.

„Откако ме контактира оштетената, иако на прв поглед изгледаше како едноставен и наивен случај, увидов дека се работи за еден исклучителен и специфичен сличај, во кој повредите кои ѝ беа нанесени на оштетената воопшто не беа наивни. После извршена детална анализа на правната рамка која ја регулира оваа материја, а имајќи ги предвид одредбите од Одлуката за комунален ред донесена од Општина Битола во корелација со Законите за комунални дејности, локална самоуправа и облигациони односи, утврдив дека во целост не е извршена обврската во однос на заловувањето на животните скитници, после што ја поднесовме предметната тужба со која ги тужевме Општината и Јавното претпријатие „Комуналец““, вели адвокатот Петровски.

адвокатот

(Фото: адвокатот м-р Марјан Петровски) 

Основниот, а потоа и Апелациониот суд од Битола утврдија дека надлежните не само што не ги извршиле своите обврски во однос на бездомните животни туку утврдија и одговорност и на оштетната ѝ досудија  надомест на нематеријална штета од 50 000 денари.

Ова е прв судски случај за напад од улична мачка во Македонија, а според законската регулатива во тој период покрај за улични кучиња, можеа да се  поднесуваат тужби и за мачки. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани