2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

12 годишно момче од Лера без знаци на живот донесено во битолската болница, се истражуваат причините за смртта

Март 14, 2023

12 годишно дете од битолското село Лера во неделата околу 21 часот од неговите родители, без знаци на живот било донесено  во Клиничката болница во Битола. Безуспешни биле сите обиди на лекарите за реанимација на момчето. Според сознаниха на апла.мк детето претходните денови, имало покачена температура, а родителите го однеле на преглед

 

Настанот е пријавен во полиција, а иако немало видливи траги на насилство, побарана е обдукција од страна на Јавен обвинител.


"Основното јавно обвинителство Битола издаде наредба за обдукција за да се утврдат причините за смртта на детето. Извештајот од извршената обдукција не е доставен до надлежниот јавен обвинител" наведуваат од Обвинителството

Од битолската болница не сакаат да го коментираат случајот, за кој велат дека сега   е во надлежност на обвинителството, но, потврдуваат дека се уште нема резултати од обдукцијата на 12 годишното момче.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани