АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
БИТОЛА – Трагедија ја потресе Битола откако шестгодишно девојче од битолското село Кравари вчера попладне починало на Детското одделение во Битолската клиничка болница.
Според блиски на семејството на починатото девојче, тоа со симптоми на настинка, покачена температура и дијареа било однесено од родителите на Педијатрија, и, како што кажуваат, во текот на примањето на инфузија починало.
Роднините на семејството се сомневаат дека детето не било соодветно третирано.
Директорот на Битолската клиничка болница, Александар Обедниковски за „Независен“ потврди дека има починато дете,и врз телото на девојчето се врши обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта.
„Вчера околу 10 часот девојчето е примено на Одделението за педијатрија, третирано е со терапија и нешто по 14 часот му се влоши состојбата по што почина. Како болница побаравме обдукција која е во тек, а резултатите од неа ќе бидат дадени на Обвинителството, по што ќе се знаат причините поради кои настапила смртта“, изјави за „Независен“ д-р Обедниковски.