2win800x200

На покачен шеќер 9, на малата Јана ѝ дале чиста гликоза во инфузија, сведочи таткото по смртта на својата ќерка

Март 23, 2023

На покачен шеќер во крвта на малата Јана и дале гликоза  во инфузија, сведочи таткото за „Апла.мк “ . Девојчето е родено здраво велат родителите , без ниту една посериозна болест констатирана од лекарите досега. Резултатите од обдукцијата се очекуваат утре. 

Вчера, на покачен шеќер  9, после приемот во Битолската болница на шест годишната Јана му дале гликоза во инфузија, па шеќерот во крвта се покачил на 19 единици.

Вака сведочи таткото на 6 годишната Јана од село Кравари, Стојче Христовски, девојчето кое вчера по примена инфузија почна во Битолската болница.

Стојче вели дека немало ни температура тука само била омалаксана бидејќи дома една повратила.

„Пред три дена девојчето крена температура 37,7  и дадовме сируп му спадна и вечерта немаше ништо. Но исто како пред Нова година што му потекоа капаците од очите и солзење така и завчера и потекоа капаците. Вчера сабајлето ја однесовме на болница оти вечерта и се слоши и поврати шлајм. Пред да одиме на лекар ја болеа мускулите и за да не се мачи отидовме на Болница. При првиот преглед на крвта шеќерот и беше 9, и кажавме на докторката дека е дехидрирана дури и не можеа ни крв да и земат. По овој резултат докторката и даде инфузија со гликоза, а на сопругата и кажа дека шеќерот е покачен заради повраќањето. Почнаа да ни прават анализи на крвта, ни кажаа да седиме додека резултатите не бидат готови, кај 12 часот. После првата инфузија шеќерот во крвта се покачи на 19 единици. Ќе и ставаа втора инфузија но не успееја чупето почна да се губи“, сведочи таткото Стојче Христовски за „Апла.мк “.

По ова состојба веќе бил вклучен „црвениот аларм“ кај лекарите од Педијатрија па повикале и други лекари анестезиолози на помош, а се консултирале и по телефон со други лекари како да постапат.

“Настанаа паники, дојде лекар од анестезиологија и малку ја повратија  со инсулин. Не знам што ставија, но слушнавме дека моето дете му одговори како се вика. Им рече дека е -Јана.  По кратко време лекарите си заминаа а девојче пак се изгуби. Итно ја зедоа на Интензивна, додека лекарката од Детско бараше на телефон совет како да постапува“, вели Стојче.  

Веста од Интензивна била трогателна, Јана веќе била мртва.

Сега семејството Христовски ги чекаат резултатите од обдукцијата по што ќе знаат како ќе постапат понатаму дали ќе бараат одговорност за лекарска грешка.

Малата Јана ќе биде погребана утре на селските гробишта во Кравари.   

А.Б

Фотографијата од Јана е објавена со дозвола од родителите. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани