2win800x200

Општина Битола консултира меѓународни експерти за решавање на проблемот со кучињата скитници

Мај 19, 2023
Општина Битола, продолжува со соработка со меѓународни експерти од областа на заштитата на бездомните животни, нивно згрижување и соодветен третман, што е непходно во решавањето на проблемот со кучињата скитници. Британскиот експерт Брајан Фолкнер, претставник на RSTCA – Кралското здружение за спречување на суровост врз животните, кој минатата година беше консултиран за оваа проблематика, повторно ја посети локацијата во Битола, каде во тек се работни активности за адаптација на прифатилиште за кучиња.
„Ви благодарам што ме поканивте да видам како напреднавте. На некој начин мило ми е дека почнувате од ново отколку да трошите многу пари реновирајќи ја старата зграда, мислам дека ќе биде одлично, она што го видов во плановите е многу, многу издржано, ќе биде современ објект, а посебно ми се допаѓа каде што се наоѓаат кучињата, бидејќи е под сенка, денес не е топло, но кога ќе биде топло ќе има многу сенка што е добро за кучињата“, рече Британскиот експерт Брајан Фолкнер, при неговата посета на Битола.
Градоначалникот Коњановски се заблагодари за експертската поддршка и нагласи дека општината продолжува со интензивна работа за решавање на овој проблем.
„Благодарност до г-дин Брајан кој денес е повторно со нас. Ми кажа дека е задоволен со прогресот кој го имаме во реализацијата на самиот проект и дека ќе биде добра стартна основа за она што ние го планираме. Сега ќе одиме на терен да ја види реализацијата и на боксовите кои се прават од изведувачот на активностите и се надевам дека брзо за некои 30 тина работни дена ќе ја имаме готова целата платформа, потоа следуваат дозволите со Министерството, со Агенцијата за храна и ветеринарство и почетокот на третманот на бездомните кучиња. Се надевам дека повторно ќе ни биде гостин. Можеби заедно и некаква обука ќе организираме за операторите кои ќе работат. Мислам дека сме на правиот пат за решавање на проблемот со бездомните кучиња“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски .
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани