2win800x200

Во Албанија поставена изложбата „Градски костими“ од авторот Наде Геневска Брачиќ

Мај 19, 2023
По повод 18 Мај Меѓународниот ден на музеите, денес, во Музејот на Стерјо Спасе во с. Глобочани, Албанија, беше поставена изложбата „Градски костими“, чиј автор е Наде Геневска Брачиќ, етнолог советник..
Изложбата се реализираше во рамките на проектот SMART4YOU2, а во соработка помеѓу НУ „Завод и музеј“ - Битола и Директоратот за културно наследство - Корча., како дел од партнерството кое што го сочинуваат и Општина Битола, Општина Пустец и Младинскиот културен центар од Битола.
Проектот SMART4YOU2 се имплементира во рамките на ИПА програмата з апрекугранична сорбаотка помеќу Северна Макеоднија и албанија, и е ко-финансиран од страна на Европската унија и Министерството за локална самоуправа.
На отварањето на изложбата се обратија градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, директорот на Директоратот за културно наследство Аманада Чичи, директорот на НУ „Завод и Музеј“ - Битола, д-р Мери Стојанова, како и авторот на изложбата, Наде Геневска Брачиќ.
На изложбата присутвуваа поголем број на посетители кои со огромен интерес ја проследија изложбата и дискутираа околу поединечни облековни елементи и костими кои претставуваат значаен дел од македонската традиција и култура.
Можеби е илустрација на текст
Можно е да е слика од 6 луѓе и Стари мост
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани