АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолчанецот Алексеј Ивановски кој има само 11 години ја воодушеви публиката со својот ангелски глас настапувајќи со песна од музичката легенда Тоше Проески на Детскиот фестивал „Мали ангели“ што на 26 март се одржа во Прилеп. Тој во изминатиот период имаше и други успешни настапи на Белата ноќ со Камерниот орекестар, Зимска приказна со група Деспина, со КУД „Илинден“ и други. На дел од настапите ја покажа и својата умешност свирејќи гитара, инструмент кој го изучува веќе четврта година во Нижото музичко училиште во Битола..