2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Роденденот на крушевскиот ангел низ фото записот на Сашо Ставрев

Јануари 25, 2022

Градоначалникот на Крушево, Томе Христовски, даде предлог роденденот на македонската музичка легенда Тоше Проески, 25 јануари, да се прогласи за Ден на хуманоста, исто како што тој одржуваше безброј хуманитарни концерти додека беше жив.

По повод 41 роденден на прерано починатата музичката ѕвезда Проески во неговото родно Крушево се одржа свеченост наречена „Ангел си ти“ според стиховите на еден од неговите музички хитови со кој настапи на Евровизија и по споредбата што ја прави народот на познатиот музичар со ангел.

Повеќето настани за одбележувањето на роденденот на Тоше се одржаа во неговиот Спомен дом на Гумење: традиционалната крводарителска акција, се интерпретираа песните на Тоше, се одржаа промоции на книги, музичко-сценскиот настан со настап на Камерниот оркестар од Битола и солистите и изведувачи од Македонската опера и балет.

Директорката на спомен-куќата „Тодор Проески“, Лефкија Гажоска отвори настанот со промоцијата на книгата на Бојан Тодоровски од Битола.

Се одржа и промоција на збирката на песни напишани за Тоше насловена како „1200 молитви“ на авторката Маријана Митревска од Ресен. Таа дала оглас преку социјалните мрежи пред неколку години и макотрпно во ракопис собирала песни напишани за животот и делото на Проески. Во книгата се содржани 1200 песни напишани на повеќе јазици на автори од Хрватска, Србија, Бугарија и Македонија, а и самата напишала над стотина песни.

Присутните гости можеа да ја посетат Спомен куќата на Тоше, да ја видат неговата гардероба, наградите кои ги добивал во кариерата, како и многуте играчки мечиња и срциња што ги добивал од своите обожаватели. Потоа го посетија и манастирот „Св Преображение“ за чија градба Тоше додека беше жив даваше донации и каде велеше дека го наоѓа својот душевен мир.

Следејќи ја хуманоста на Проески, во Крушево се одржа и крводарителска акција на која имаше голем интерес.

Обожаватели на македонската музичка икона дојдоа од сите страни на светот.

14

20

11

13

24

22

21

19

25

26

30

23

15

16

17

18

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани