АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Апла.мк неофицијално дознава дека службеник од Општина Битола бил приведен во полиција наводно поради тоа што барал мито. Неофицијално граѓанин го пријавил за злоупотреба на служебената положба. Засега располагаме со неофицијална информација дека служебеникот е поврзан со одделот за сообраќај. Чекаме СВР Битола да излезе со официајална информација за што дополнитено ќе информираме.
Официјална информација од СВР Битола
Кривична пријава за примање поткуп. Криминалистичката полиција на СВР Битола до ОЈО Битола ,денеска (10.06) ќе поднесе кривична пријава против В. П.(53) од Битола, вработен во општина Битола како инспектор во инспекторатот за контрола на патниот сообраќај. Имено пријавениот во периодот од 12 Април 2023 па се до денес, искористувајќи ја својата позиција и своето влијание како лице задолжено за контрола на превозниците во град Битола, во два наврати индиректно барајќи пари, од пријавителот 41-годишен маж од Битола, кој е управител и сопственик на правно лице за вршење дејност такси превоз, побарал и примил поткуп во два наврати и со тоа сторил кривично дело “Примање поткуп“, предвидено и казниво по чл.357 ст.1 од КЗ. Тој во текот на вчерашниот ден е лишен од слобода и изведен пред Јавен Обвинител, изјави Сања Стаматова портпарол на СВР Битола.