АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Кој ѝ го пишуваше ливчето со говор на претседателката на Советот на општина Битола, Габриела Илиевска што го читаше пред новинарите и поширокиот аудиториум, и што не знаеше сама да го интерпретира? Илиевска на прес конференцијата на 9 јуни што ја одржа во Советот на Општина Битола читаше од ливче пред новинарите и како почетник спикер на вести правеше со главата горе-долу. Ова се случуваше само неколку дена по нејзините критики упатени до градоначалникот Тони Коњановски дека стално читал, наместо сам без напишано да држи говор.
Но, очигледно и претседателката Илиевска потфлува во говорништвото, па си чита на прес конференции и заборава на упатените забелешки кон градоначалникот дека само читал од ливче.
Илиевска во еден од нападите кон Коњановски кажа дека цитираме „зборуваме за градоначалник кој на секој јавен настап чита од ливче и не можам да му замерам за изјавата ...“, рече Илиевска.
Прашањето е дали Илиевска која десеттина години е на битолската политичката сцена ги губи способностите за ораторство? Или не успеала да го научи напамет она што сама си го напишала или можеби говорот и бил напишан „нечитко“ од друг па и било потешко да го прочита?
Како и да е резултатот Коњановски - Илиевска за читање од ливче засега е 1:1. Следува продолжение на дуелот.
Илиевска на последната прес конференција селективно ги канеше новинарите, но сепак видео снимките од нејзиниот настап сведочат за нејзината „способност за говорништво“.
А.Б