2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Младите немаат со кого да споделат чувства, па интернетот им е ментална анестезија- јавна дебата на Про Локал во Битола

Јуни 14, 2023

Огромен број млади секојдневно се соочуваат со недостиг на блиска и доверлива личност да споделат како се чувствуваат, немаа некој да те праша како се и да ги допре за поддршка. Напроти тоа го се препуштата на интернетот кој е бегство од реалноста и ги отуѓува од средината. Поразителни податоци во врска со менталното здравје на младите покажа јавната дебара „Интернет- кој кого корисрти- јас него или тој мене“ што во организација на Про Локал а со поддршка на Холандската амбасада се одржа во Битола.

прва

„Податоците покажуваат дека 37 проценти од младите на УКИМ имаат потреба некој да ги праша како се. Советувањата кај професионалци се премногу скапи, а оние преку ‘Мој термин’ во државните институиции се многу малку достапни. Младите треба да побараат пристап до бесплатно советување зашто 35 процнети страдаат од анксиозност и 30 проценти од депресија. Депресијата ќе биде новата болест на современото време“, рече Софија Аранудова , професор на Филозовскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје каде е отворено бесплатно советувалиште за унапредување на менталното здравје на студентите.

354470193 920753432347766 996974850005023393 n

следна

Доколку младите има навика секој ден по 4-5 саати да трошат на интернет, секако дека тој ги користи нив, а не тие него, сметаат експертите.

„Зависноста од интернет е недостаток на слободен избор. Тоа време предизвикува кај младиот човек своите други коментенции и потенцијали да не може да ги развие. Тоа е на некој начин ментална анестезија од сите надворешни случувања, бег од реалноста. Таквото бегство на почетокот има смирувачки карактер, но подоцна ги отуѓува луѓето меѓусебно, ги губат своите желби и цели и го живеат животот од денес за утре“, вели Станислав Петковски, специјалист по клиничка психологија и семеен системски терапевт.

Здружението на граѓани Про Локал во рамки на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“ ги запраша младите за што сакаат да дебатираат. Тие го одбраа менталното здравје неколку месеци пред трагичните случувања во Србија каде ученик застрела соученици и чувар во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград.

„По ова јавна дебата не сакаме веќе во Пелагонија менталчното здравје да биде табу тема. За жал, она што го добиваме како фидбек од младите е дека не се чувтсвуваат слободни за своите предизвици, за своите ментални и емотивни состојби да зборуваат со најблиските, со другарите. Одговорот е дека социјалните мрежи се доказ дека и кога нешто да кажат се плашат дека ќе биде обелоденето јавно, со скирншоти, снимки и дека тоа всушност не останува во интимната релација меѓу другарите , туку станува нешто што е јавно. И во истиот тој момент се наидува на осуда, потценување, презир. И на крајот од денот оној што споделува завршува уште понесреќен и уште помалку храбар да зборува“, рече Емилиа Героска од Про Локал-Битола.

354409946 719155469898475 3140645185736516831 n

Но, младите сметаат дека решението се состои во ставањето граница на користењето интернет и неговата примена.

„Интерентот во ова време има големо влијание врз менталнотро здравје, но сепак наша одлука е како ќе го користиме и дали ќе дозволиме интернетот да влијае врз нас. Доколку одлучиме да го користиме за позтитивни содржини, тогаш ќе бидеме задоволни, а доколку одлучиме да се спроедуваме со други личности, тогаш самите прифаќаме и ониме кон ментални боелсти“, рече Хелана Зографоска, дел од тимот млади вкучени во проектот.

Миа Костова, инфлуенсерка смета дека клучот е во младите колку тие ќе подлегнат на употребата на интернет и во какви цели.

353112701 600772381852936 1503434276310856713 n

„ Употребата на интернет младите да ја прават умерено и да постават граници во било кој контекст со социјалните мрежи. За жал, колку што е понекогаш добар интернетот, толку има и негативни страни, а тие носат некој шунд кој за жал е модерен во дешно време. Затоа самите треба да ги поставиме гранците што е добро, а што не“, рече Костова.

Ж.Здравковска

354450746 279266771428668 5868610544743901924 n

нова555

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани