2win800x200

ПРО ЛОКАЛ со поддршка на Амбасадата на САД обучи 15 млади од руралните средини во Пелагонија да ги развијат своите бизнис идеи

Октомври 30, 2023

Во рамките на проектот „FAST FORWARD – развој на вештини на младите од Пелагонија за подобра иднина”, имплементиран од Здружението за унапредување на развојните процеси „ПРО ЛОКАЛ“ Битола, а поддржан од Американската амбасада, 15 млади лица од општините Новаци, Могила, Демир Хисар, Ресен, Крушево, Кривогаштани и Долнени, се обучија како да ги развијат своите бизнис идеи. Станува збор за оригинални идеи кои ќе им овозможат самите да отворат свој бизнис, а со тоа младите да останат во родните места и да бидат економски независни.

Од продавница за планинарска оперма до подготовка на домашна храна

„Идејата за планинарска продавница се роди од мојата пасија да планинарам. Јас сум планинар веќе шест години, па знам дека планинарска продавница со понормални цени кои ќе одговараат на нашиот стандард за аматерско планинарење, нема во Македонија. Мислам дека ваква продажба ќе успее. За да купи нема да има потреба купувачот да доаѓа до Демир Хисар, може тоа да ги набави и онлајн. Преку проектот го научив целиот процес за отворање на еден старт ап бизнис, од SWOT анализи, праг на рентабилност и други сегменти за нашиот бизнис. Во Регионот и пошироко нема таква планинарска продавница, а за време на пандемијата многу лица почнаа да планинарат и продолжија да се занимаваат со планинарење и планинарски велосипедизам“, рече Михаил Стефковски од Демир Хисар.

ММ2

Овој проект ги зајакнува претприменичките капацитети во рурална Пелагонија, овозможуваат развој на локалната економија и генерирање на дополнителни приходи за младите.

„Доаѓам од рурална средина, од земјоделско семејство и како секој студент и јас имам потреба од повеќе приходи. Започнав со изработување на батер кукис. Очекувам побарувачката да расте. Во проектот научив како да ја развијам мојата идеја до бизнис. На почетокот сме, но смеам дека ќе се развие бизнисот“, рече Зорица Герасовска од Царев двор, Ресен, инаку студентка на Факултетот за Земјодески науки во Скопје.

За Амбасадата на САД ова е проект кој ја зајакнува локалната економија

Амбасадата на САД во проектот препозна оригинанлан начин да им се помогне на младите од руралните пелагониски општини кои се на возраст до 29 години, а најчесто не успеваат да создадат своја бизнис приказна зашто немаат практични вештини и достапност од соодветна поддршка на правни и економски експерти.

САД

„Амбасадата наоѓа можности за многу програми кои го поддржуваат развојот на Северна Македонија, вклучувајќи ги и идеите што  доаѓаат и од помалите општини. Многу сме горди за подршката што ја даваме тука. Овој проект дава голема и оригинална можност младите да ги развијат сопствените проекти и за тоа да имаа бенефит и тие и заедницата. Пелагонискиот регион беше таргиран за да се развијат овие бизниси кои би продонеле и за зајакнување на локалната економија“, рече Агуст Филбин, заменик слубеник за односи со јавност при Амбасадата на САД во Скопје.

САД2

Ѓероска: Младите направија пазарни истражувања и развија биснис планови

Младите обучени и за донесувањање одлуки за деловно планирање, пазарна валидација на бизнис идеи и развивање на бизнис план.

„Огромно е задоволството да се видат 15 млади од руралните средини од Пелагонискиот Регион како имаат силна желба да започнат свој бизнис. По едногодишна работа, по сите направени пазарни истражувања и развој на тие бизнис идеи во нешто што може да прерасне во биснис компанија, тука сме со проддршка на Американската амбасада да ги слушнеме нивните идеи. И понакаму како здружение ќе продолжиме да ги поддржуваме во процесот нивните бизниси да станат реалност“, рече Емилиа Ѓероска, претседател на „Про Локал“ Битола.

396740001 368180375564850 1099818283176171042 n

Пред младите своја презентација имаше и Агенцијата за вработување со цел да ги информира во врска со мерките за поддршка на самовработување и за млади претприемачи.

„Американскиот претседател Рузвелт рекол: ’Ако не можеме да им ја обезбедиме иднината на младите онаква каква што тие ја посакуваат, тогаш барем да се обидеме да ги подготвиме за индината онаква каква што тие ја посакуваат’. Тоа е идејата на проектот и се надевам дека со младите од руралните средини на Пелагонискиот Регион успеавме да ги направиме тоа“, рече Рубин Николоски од „Про Локал“ Битола.

РУБЕН

Героска и Николоски беа стипендисти на Амбасадата на САД, односно алумни кои дел од своето неформално образование го поминаа таму, па сега стекнатото знаењето се обидуваат да го пренесат тука и да им помогнат на младите во развојот на нивните идеи.

Градоначалниците во проектот гледаат можнист младите да успеат дома, а не да се иселуваат

Ваквиот креативен обид да се поддржат младите сили во руралните општини и да се задржат да градот свој биснис дома го поздравија и градоначалниците од пелагониските општини.

„„Велат, кога се сака, сè се може! 15 млади од Пелагонискиот регион покажаа дека сакаат да се реализираат професионално во приватниот сектор, да ги тестираат своите бизнис идеи на пазарот. Токму со овој проект младите научија дека иако секоја идеја има потенцијал, потребно е знаење и посебни вештини, истражување на пазарот, многу труд и посветеност за истата да стане реален бизнис.Исто така е точно дека новоотворените компании најчесто пропаѓаат во првите години по отворањето, пред се поради немањето поддршка од правен и финансиски аспект. Наша обврска како општество е да им помогнеме нивните идеи да станат реалност“, истакна Коњановски.

ММ3

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, кој е претседател на Пелагониски Регион рече дека ова е насочување на младите да влезат храбро во бизнис замислите.

„Со вакви проекти младите би останале тука, а тоа е нашиот приоритет“, рече Јовчески.

Ж.Здравковска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани