2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

13 „Незаборав“ донесе незаборавна ноќ за битолчани- Го оживеа Интерфест на забавна мелодија

Јули 05, 2023

Го скршивме малерот! Штом ова го поминавме 13. издание сега можеме да тераме до стотка. Ама Панде вели дека има уште многу работи кои чекаат да го видат своето светло и да бидат извлечени од незаборавот. А колку материјали за нив има, во својата архива, ако му ја запленат од СЈО ќе тераат уште пет мандати- вака на шега кажа нараторката Силвана Петрова –Насух на 13. издание на фестивалот Незаборав кој вечерва се одржа во Центарот за култура во Битола. Организаторот на манифестацијата и автор на проектот „Незаборав“ кој ја величи битолската музичка традиција, Панде Димитровски, ова издание го посвети на забавните мелодии со фолк мотиви од Интерфест 1992-1996.

без

без2

Хитовите како „Мојот вечен град Битола“, „Очи“, „Господе, дај ми сила“ „Засвири нешто од Битлси“, „Матурска вечера“, „Простено ти е“, „Плачат за нас и планините“ , „Не ни било судено“ и други песни што некогаш ги изведоа Емилија Сарафска, Билјана Дамјановска, Тања Кочовска, Љупчо Спасеноски, Гоце Николовски, Перо Христов, Росана, Наум Петревски и други изведувачи беа оживеани на сцена што предизвика аплаузи кај публиката жедна за убава и квалитетна македонска песна. На сцена со своите препознатливи гласови и изведби песните ги донесоа Дона Петровска, Бојан Стојков, Боеми, Билјана Дамјановска и други. Изненадување на вечерта беа таткото и ќерката Игор и Ангела Илиевски кои ја испеаја песната „Има една судбина“ од Тоде Новачевски што во 1992 година на Интерфест ја испеаја Росана и Наум.

без3 2

Изведувачите беа придружени од бендот „Гром“ и одличните вокалистки Билјана и Лилјана Трајковски.

Интерфест остави длабок траг врз битолската музичка сцена. Тоа беше фестивал каде со своите креативни творби до израз дојдоа битолчаните Валентин Соклевски со „Очи“, „Свири стара тамбуро“ и други песни, Петар Ѓеоргиев- Калица со „Засвири нешто од Битлси“ , Спировски Салве-Слав како и други автори и композитори. Некои музички креативци денес не се присутни меѓу нас, но оставиле свој печат врз Интерфест и беа спомнати од сцената Милко Лозановски, Тоде Новачевски, Пеце Митревски-Митрата, Благој Петровски- Штука, Миле Шерденков, Михајло Бандевски, Драган Каранфиловски-Бојс, Гоце Димитровски и други.

 

без3„Во периодот од пет години на Интерфест од 40 реномирани автори кои се претставија, дури 25 беа битолчани“, вели Димитровски.

Годинава „Незаборав“ се одржа во рамки на „БИТ- ФЕСТ“, со поддршка на Општина Битола, а Комисијаста за култура манифестација ја стави на листата на традиционални со посебен интерес за градот.

без34

без5

без6

без7

 

без8

без9

без10

 

357690077 742163017915059 5445037269810944704 n

358087507 742163287915032 2297510821393263731 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани