АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На апла.мк имате можност да го погледнете видео материјалот од 13та по ред музичко сценска манифестација „Незаборав“ што се одржа на 5 јули во рамките на „Битфест“. Годинешното издание беше посветено на песните од фестивалот на забавни мелодии со фолк рефрени „Интерфест“ што се одржуваше во Битола од 1992 -1096 година.
Автор на ова 13 издание на „Незаборав“, како и на досегашните, е битолчанецот Панде Димитровски, сценариото е на Силвана Петрова-Насух, која е и водител на манифестацијата.
Досега Незаборав беше посветен на Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бафтировски, Љупчо Спасеновски, Добри Ставревски, Гоце Николовски, Миле Шерденков, групата Битолски конзули, песни набитолчани на Валандово, Драган Каранфиловски - Бојс, и песни за Битола прв и втор дел.