АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денеска започна изграбата на колекторско-канализациониот ситем во Потпелистерието. Градежните активности се одвиваат на потегот од месноста Црвени Петли кон селата Трново и Магарево, а во првата фаза ќе бидат вложени 6,8 милиони денари.
-Заложбите на локалната самоуправа за добивање на поддршка од UNDP за прочистителна станица е успешно завршен. Со тоа се создава една функционална целина за започнување на прочистителен систем во подпелистерието, велат од општина Битола.
Проблемот со отпадните води на Пелистер се провлекува со години. Сместувачките капацитети и селата во Потпелистерието немаат канализација, а септичките јами ја загаудваат животната средина и планинските водотеци. Анализите на Центарот за јавно здравје секоја година покажуваат бакетериолошки неисправна вода од селските водоводи, но и од јавните чеми на Пелистер.
-Ќе се постави дел од колектор за прифаќање на фекалните води од Националниот парк „Пелистер“, почнувајќи од хотелот ‘Молика’, потоа Детско одморалиште ‘Пелистер’, селата Трново и Магарево, сè до поранешната живинарска фарма каде е планирана изградба на пречистителна станица“, изјави неодамна и директорот на ЈП „Нискоградба“ од Битола, Методи Силјановски.
Изградбата на колекторскиот систем е од исклучително значење за зачувување на природните богаства во Националниот парк „Пелистер“.