АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Тешко повредени со нож се тројца млади битолчани. Две групи се пресметувале со ножеви. На Ракометното игралиште во Битола дошло до меѓусебна физичка пресметка помеѓу две групи, главно малолетници, во која бил употребен и остар предмет, а две малолетни лица и еден 19-годишник со повреди се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош.
Според информацијата од портпаролот на СВР Битола,
На 22.07.2023 полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода С.Б.(19), Д.Ј.(18) и Б.А.(18), сите од Битола, а на службен разговор во полициска станица се повикуваат и други лица поради сомнение за инволвираност во физичка пресметка која е пријавена околу 00.47 часот. Според пријавеното, на Ракометното игралиште во Битола дошло до меѓусебна физичка пресметка помеѓу две групи, главно малолетници, во која бил употребен и остар предмет, а две малолетни лица и еден 19-годишник со повреди се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.