2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Д-р Ивановска-Двајца од повредните малолетници кај Ракометното транспортирани на скопските клиники

Јули 22, 2023
Според информација од Битолската клиничка болница, двајца малолетници од тројцата повредени во тепачката кај Ракометното што се случила синоќа по полноќ, заради сериозноста на повредите се префрлени на лекување во Скопските клиники. 
„Двајца од повредните, малолетници, се пренесени на клиниките за Торакална хирургија и Дигестивна хирургија во Скопје. Едното е родено 2007, а другото 2006 година. Имаат повреди на градниот кош и абдоменот. Повредите се од остар предмет“, изјави за АПЛА.МК  д-р Елизабета Ивановска, директор на Клиничката болница Битола.
Портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова, информира дека „ На 22.07.2023 полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода С.Б.(19), Д.Ј.(18) и Б.А.(18), сите од Битола, а на службен разговор во полициска станица се повикуваат и други лица поради сомнение за инволвираност во физичка пресметка која е пријавена околу 00.47 часот. Според пријавеното, на Ракометното игралиште во Битола дошло до меѓусебна физичка пресметка помеѓу две групи, главно малолетници, во која бил употребен и остар предмет, а две малолетни лица и еден 19-годишник со повреди се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“. 
Неофицијално се зборува дека малолетниците кои настрадаа во тепачката биле  нападнати без причина од  повозрасните момци кои манифестирале сила над помалите. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани