2win800x200

Во сообраќајката почина 24 годишно момче, соопштија од ОЈО

Јули 24, 2023
Фото архива Фото архива

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа со смртни последици на патот Прилеп-Ресен.


Според првичните наоди при увидот, до несреќата дошло при директен судар на автомобил Опел корса со битолски регистарски ознаки и товарно возило со штипски регистарски ознаки. Во сударот животот го загубил 24-годишниот возач на патничкиот автомобил.


Се постапува за испитување на причините за несреќата, при што по наредба на јавниот обвинител ќе биде извршено сообраќајно вештачење. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот.

Од СВР соопштија дека денеска (24.07.2023) во 05.08 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп–Ресен, во близина на Кукуречанска крстосница се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „сканиа“ со прилколка со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(44) од Штип и патничко моторно возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(24) од Битола. Во несреќата, патничкото возило се запалило, а телото на возачот било опожарено, по што починал. Увид извршила екипа од СВР Битола.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани