АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Маја Андоновска- Илијевски, директорката на Центaрот за култура во Битола, кој ги организира „Илиндевски денови“ на вчерашното свечено отворање на манифестацијата на платото пред Офицерскиот дом се појави облечена во македонска носија.
Рецитирајќи стихови од песната „Печал“ на Коста Рацин таа пред гостите рече дека е облечена во уникатноста на македонската народна носија зашто така ја влечат смилевските корени на прадедовците и прабабите, носија изработена од „убавите жени на мојот народ кои брзо прецутувале како цут кајсија, како мајски јоргован како што пишувал Блаже Конески“.
„Во денешниот свет со брзо темпо, од суштинско значење е да се потсетиме на важноста за зачувувањето на нашето културно наследство. Нашиот јазик, обичаи,ритуали, песна, игра и срце кое чука во седум/осмински такт, се нишките што нè поврзуваат заедно, формирајќи го ткивото на нашиот идентитет“, рече Андоновска- Илијевски.
Таа додаде дека треба да ги подадеме рацете на пријателство и разбирање кон оние од различно потекло. Рече дека во различноста лежи убавината и силата, а со отворено срце едни кон други, можеме да изградиме мостови на меѓусебно почитување и соработка.
„Илинденски денови“ се фестивал на народни песни и игри, а годинава по 53 пат играорци од цел свет собра во Битола. Во тек е изведбата на 65 настани поврзани со традицијата. .
Ж.ЗДРАВКОВСКА
Фото Диоген Хаџи-Коста Милевски и Ивона Кочов