АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Преку проектот „Коса“ на ансамблот „Македонија“ од Скопје, кој беше изведен на Широк Сокак во Битола, во рамки на „Илинденски денови“, пред битолчани беше прикажана умешноста на заплетувањето на женската коса. Од обредно заплетување, па се до градски и современи фризури. Широк Сокак стана голема сцена низ која се менуваа времињата и трендовите за женски фризури од 18 век , па наваму. Вистинска модна пловидба низ вековите.