2win800x200

Од вечерва бесплатно возење со пајтон во пресрет на фестивалот „Ех, таа серенада“

Август 18, 2023

 

Офицерски дом-КИЦ Битола во пресрет на Фестивалот на староградска музика„ Ех, таа серенада“ од вечерва организира бесплатно промотивно возење низ битолските улици со пајтон.

„Како дел од промотивните активности за фестивалот и туристичка промоција на Офицерски дом граѓаните на Битола, како и бројните туристи и посетители ќе имаат единствена можност да бидат дел од традицијата на конзулска Битола, дел од приказната за битолската серенада и да ја почуствуваат возбудата која ја носи возењето со пајтон“, соопштија од КИЦ Битола.

Бесплатното возење со пајтон ќе трае во следните две недели секоја вечер од 18,30 до 21,30 часот, а поаѓањето е пред влезот на Офицерскиот дом.

Првото издание на фестивалот „Ех, таа серенада“ ќе се оддржи на 24 август на платото на Офицерски дом - КИЦ Битола, а на ревијалната вечер ќе настапат 16 изведувачи. Билетите се бесплатни.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани